Author Archives: admin

Активистите за себе и за протестите

Дебата со некои од активистите во организација на Радио МОФ за историјата на протестите, нивните лични видувања и очекувања.

Жив штит од демонстрантите во одбрана на полицајците (06.05.2015)

Присуството на провокатори на протестите е очигледно. Се појавуваат во помали групи од страна, носат качулки и маски и нивната единствена цел е провоцирање на полицијата. Но, нашите протести се НЕНАСИЛНИ.

Додека првиот ден провокаторите успеаја во целта и испровоцираа насилен судир со полицијата, веќе вториот ден тие беа попречени во намерата.

Кога се појавија пред собранието и почнаа да фрлаат со предмети кон специјалците, тие беа конфронтирани. Набргу, поголема група мирни демонстранти, претежно млади девојки, формираа жив штит околу полицијата.

Извор за видеото: Телма

 

Protesters form Human Shields to Protect Police from Provocateurs

On the second day of protests:

As intended, the protest was peaceful, with demands for resignation and criminal responsibility for all officials involved in the cover up of the murder. However, after several hours, as the crowd started to thin, number of protesters warned about the increased presence of provocateurs. A group of “football fans” wearing hoods and masks started to coalesce and throw objects at the Parliament and the police cordon separating the building from the mass of people standing or sitting on the street, lawns and nearby park.

To prevent further escalation, being mindful that the same kind of incident was used the day before for massive police onslaught, a group of women spontaneously formed a human shield, protecting the police officers from the thrown missiles, which included glass bottles.

Source: Macedonia in English

Video:

Ден 1: 05.05.2015

(преземен ФБ статус на активист)

Протестот почна во 18часот. Јас стигнав таму околу 18.20. Некои луѓе стоеа пред оградата на Владата (кај Илиндеска) , а некои беа прекачени и стоеа одма до полициските кордони (К1 и К2) (за чудо полицијата стоеше од старт таму а не кај оградите). И тогаш еден индивидуален херојски момент се случи, кога еден од полицајците од кордонот (К2 од десно) се одвои од групата, го скина ланецот на оградата (од десната страна) и не` пушти внатре (одма до полицајците), а тој во знак на револт си замина од службата. Тоа беше извонредно позитивен момент кој целата група протестирачи гласно го поздравивме и ги повикавме и другите да му/ни се придружат.

Околу 19 часот, после бурно скандирање повици за отставки, слобода, правда, се фрлија две-три јајца кон ружната, криминално-изградена, барокна зграда на владата во заминување. После тоа следеше канонизирање и разубавување на владата со скршени јајца на неа. Се фрли и по некое пластично шише и по некој компир. Не се маваше во полицајците!! Имаше случајно по некој промашен удар или индивидуален гнев кон нив, па настануваат по мали буткања напред-назад, но ништо сериозно и се` завршуваше за 30-тина секунди. Ситиацијата беше толку опуштена и ненасилна (а истовремено моќна) што на поголем дел од полицајците им беа спуштени штитовите (барем кај К2 десно, кај што бев јас).

И наеднаш, околу 22 часот, коридорот на средината на владата (К1) почна да напаѓа! Полициски напад број 1!! Беа истуркани со штитовите, клоцани и шутирани оние кои седеа и стојеа мирно пред нив. Група од протестирачите почна да возвраќа со напади. Протестирачите од десно и лево не беа истуркани, фокусот беше само на средина, барем иницијално. Пет минути покасно ист таков напад – напад број 2! – кон протесирачите од левата и десната страна кои мирно стојеа и се трудеа да ги смират и едната и другата страна.

Не` избуткаа позади оградата (која веќе беше скршена). И тогаш од десна страна на улицата (од почетокот на Илинденска/крајот на мостот Гоце Делчев) пристигна уште еден поголем коридор на полицајци, засилен со водени топови. За да не им го отспатиме просторот седнавме на земја (барем повеќе од нас), ставени во агол помеѓу полицајците од пред Влада и оние од кај Гоце Делчев. Седнавме, мислејќи дека така е најевидентно дека повеќе од нас не сме за насилство и дека нема да се бориме со наши полицајци. Али џабе. Пак почнаа да клоцаат и шитураат и понекој пендрак да лета, дури и кон тие кои седаа мирно на земја.
Не` протераа на бул. Климент Охридски. Веќе дотогаш имаше и гневни одговори од некои од протестирачите – фрлени беа камења, шишиња, светлечки ракети и понекое дрво кон полицијата. После следеше повуци-потегни – они ќе не пробркаа 20-тина метри, ние ќе избегаме па ќе застанеме.

И така до средина на улицата, кај Соборна. Поголем дел од групата на протестирачи веќе беше разотиден, и изгледаше дека е готово веќе. Но, очигледно, полицијата не била пуштена таму да се брани од „гневната толпа“ – како што ќе лажат и спинуваат во следните денови – туку да ја претепа истата. По 20 минути затишје, тргнаа по нас. Напад број 3! Стандарно ние потрчнавме назад. Кога гледаме, од другата страна на улицата уште еден кордон трча кон нас! Немаше каде да се бега, освен кај тесниот пролаз “Кај Маршалот“. Но, ни таму не застанаа – не` бркаа (а некои гледам биле и мавани и апсени) и по тоа тесно и темно пролазче се` додека не се распрснавме некаде на улица Даме Груев.

Е тоа е таа полициска бруталност против која протестиравме денес! Тоа е таа полициска држава за која зборуваме цело време.