Category Archives: Вести

Slikata

Protestiram 18.05.2015 02

Ден 13: Од 5 мај до крај!

17.05.2015

На 17.05.2015, граѓански протест пред Владата на Република Македонија во 14 часот, под широка коалиција, организираше најголемата политичка партија од опозицијата, СДСМ. На овој ден,  тринаесетти од протестите што почнаа на 5 мај, дел од граѓанките и граѓаните здружени во #Протестирам се собраа пред Основен суд Скопје 1 – Скопје да искажат поддршка за уапсените активисти и оттаму заедно да се приклучат кон масовниот граѓански протест пред Владата.

Собраните пред Судот, обединети зад банерот „#Протестирам #Protestoj“, зазедоа една од лентите на булеварот „Гоце Делчев“ и парелелно со студентскиот марш организиран од Студентскиот пленум во другата лента, маршираа до Владата. На оваа група се приклучија и самоорганизираните граѓани кои се исклучени од Топлификација.

Демонстрантите на маршот до Владата скандираа:

„Од 5 мај до крај“,

„Слобода“,

„Кои сме ние? Граѓаните! Што сакаме? Слобода! Кога? Сега!“

Според планираното, дел од #Протестирам стигнаа пред Владата во пет до два за симболично да им посакаат добредојде на улиците на партиите, а во име на оние кои протестираат од 5 мај наваму и кои правдата со години ја бараат преку протест и на улиците.

Над 50.000 граѓани се одѕваа на масовниот протест пред Владата. Со моќни говори до граѓаните се обратија претставници на Студентскиот пленум, граѓански организации, новинари и европратеници. Краен збор имаше лидерот на СДСМ Зоран Заев кој ги повтори барањата за пад на Груевски, формирање техничка Влада и идните планови. Тој и дел од собраните ќе кампуваат пред Владата, во протест, до оставка на Владата на Груевски.

Во 18.00 часот, #Протестирам повторно се собраа на аголот на булеварот „Св. Климент Охридски“, потсетувајќи на долготрајноста на борбата и потребата од омасовување на граѓанскиот отпор за да се постигнат системски промени и по падот на Груевски.

Продолжуваме #секојденво6.

17.05.2015_2

protestiram-17-05-2015hr

Ден 12: Ние сме спремни, а оставките?

Фото: Весна Илиевска

Фото: Весна Илиевска

Протестот на 16.05.2015 година, дванаесетиот ден од протестите, беше мал и мирен. Демонстрантите останаа пред полицискиот кордон во близина на зградата на Владата на Република Македонија. Тие работеа на изработка на транспаренти и платна за утрешниот протест.

Протестот на 17.05.2015 ќе започне во 13:00 пред зградата на Основен суд Скопје 1 – Скопје, каде ќе се повторат барањата на #Протестирам. Оттаму, заедно со Студентски пленум, демонстрантите ќе маршираат кон Владата во 13:55, а во 18:00 симболично ќе се соберат на местото каде секој ден протестираат, на булеварот „Климент Охридски“.

Фото: Весна Илиевска

Фото: Весна Илиевска

Ден 11: За „Никогаш да не се повтори“ #Протестирам (15 мај)

Protestiram-15-05-2015-f

На 15 мај, единаесеттиот ден од почетокот на протестите, продолжија граѓанските протести во Скопје. Полицијата повторно не дозволи протест пред владата, па демонстрантите од таму се упатија кон Собранието.

Со паролите,  „Оставка“, „Готов е“, „Николче диктаторче“, „Нема правда, нема мир“, демонстрантите ги повторија барањата за оставка на владата, ослободување на притворените демонстранти од 5 мај наваму и формирање влада за демократизација на институциите.

Пред Собранието се одржа и граѓански собир-пленум, на кој учесниците ги дискутираа плановите за протестот во недела, 17 мај. За тој ден, во 14:00 часот на протест повика и најголемата опозициска партија, заедно во широка коалиција под нивна координација.

#протестирам форум пред собрание 15 maj

(#протестирам собир пред собрание)

 

Студентскиот пленум со повик за студентски марш на 17 мај

Студентски пленум 15 мај

Од Студентскиот пленум на 17 мај ќе маршираат од платото на Универзитет Св Кирил и Методиј.

“Владата се осмели да нѝ застане на патот, да нè спречи во нашата борба преку покажување на сила на нас, а воедно и да уапси наши колеги само затоа што го користеа своето уставно загарантирано право на протест и искажување на својот став.  Студентски пленум Ве повикува повторно на Студентски Марш за уште еднаш да покажеме дека нашите дејствувања и ставови се непоколебливи, натпартиски и секогаш на страна на студентите. Ве повикуваме сите заедно да се одважиме и да создадеме плодна почва од која ќе можеме да ги воспоставиме вистинските вредности во едно општество и вистинските плодови потребни за едно квалитетно високо образование.”

 

Најголемата партија од опозицијата со протести во 14 часот на 17 Мај

На 15 мај, во 14 часот, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, одржа прес конференција во партиското седиште и објави нова серија на прислушкувани разговори меѓу високи функционери во владата. На прес конференцијата, Зоран Заев најави дека планираниот протест во нивна координација на 17 мај ќе биде „мирен, ненасилен, масовен и невиден досега“.
Новиот серијал од 16 телефонски разговори содржеа расистички коментари на високи функционери во сегешната власт кон една од етничките заедници во Македонија.

Повеќе на овој линк.

Protestiram-15-05-2015-f

Единство и заедништво

На десетиот ден од протестите сè повеќе расте наративот на обединетост и сплотеност во заедничките цели и барања.

„Како да станете демократски е прашање на луѓето, на здивот на улиците, на движењето на мртви тела по улиците, тоа е нашата заедничка политичка простор, нашата сличност не може да се сведе на институционални процедури, радикално поинаква визија на comunity е континуиран стане луѓе на улиците. Повеќе желба и живеел искуства и помалку изборниот очекувања.“

1 protestiram

protestiram 2