Ден 13: Од 5 мај до крај!

17.05.2015

На 17.05.2015, граѓански протест пред Владата на Република Македонија во 14 часот, под широка коалиција, организираше најголемата политичка партија од опозицијата, СДСМ. На овој ден,  тринаесетти од протестите што почнаа на 5 мај, дел од граѓанките и граѓаните здружени во #Протестирам се собраа пред Основен суд Скопје 1 – Скопје да искажат поддршка за уапсените активисти и оттаму заедно да се приклучат кон масовниот граѓански протест пред Владата.

Собраните пред Судот, обединети зад банерот „#Протестирам #Protestoj“, зазедоа една од лентите на булеварот „Гоце Делчев“ и парелелно со студентскиот марш организиран од Студентскиот пленум во другата лента, маршираа до Владата. На оваа група се приклучија и самоорганизираните граѓани кои се исклучени од Топлификација.

Демонстрантите на маршот до Владата скандираа:

„Од 5 мај до крај“,

„Слобода“,

„Кои сме ние? Граѓаните! Што сакаме? Слобода! Кога? Сега!“

Според планираното, дел од #Протестирам стигнаа пред Владата во пет до два за симболично да им посакаат добредојде на улиците на партиите, а во име на оние кои протестираат од 5 мај наваму и кои правдата со години ја бараат преку протест и на улиците.

Над 50.000 граѓани се одѕваа на масовниот протест пред Владата. Со моќни говори до граѓаните се обратија претставници на Студентскиот пленум, граѓански организации, новинари и европратеници. Краен збор имаше лидерот на СДСМ Зоран Заев кој ги повтори барањата за пад на Груевски, формирање техничка Влада и идните планови. Тој и дел од собраните ќе кампуваат пред Владата, во протест, до оставка на Владата на Груевски.

Во 18.00 часот, #Протестирам повторно се собраа на аголот на булеварот „Св. Климент Охридски“, потсетувајќи на долготрајноста на борбата и потребата од омасовување на граѓанскиот отпор за да се постигнат системски промени и по падот на Груевски.

Продолжуваме #секојденво6.

17.05.2015_2

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *