Кога мизеријата боли повеќе од модриците, фејсбук статус на Томе Станковски, приведен демонстрант

Ме прашуваат: Томе те боли ли? Добар ли си?

Да, секако дека боли телото кога ти го маваат и шутираат четири полицајци од ЕБР на кои се „спротивставив“ со кренати раце и отворени дланки.

Но, модриците ќе поминат. Повеќе ме боли што живееме мизерно со години, а заслужуваме многу повеќе. Ме болат многу работи, и не можев повеќе дома да седам.

Некои ми рекоа: Не требаше да одиш на протест. Видиш, го изеде.

Напротив, горд сум што бев на протест. Јас знам дека џандар не удрив, ниту направив некоја штета. Бев гласен. И треба сите да бидеме. За подобар живот. Нашите предци се бореле за нас. Сега на нас е времето, за нашите деца и внуци.

Верувам дека ќе дојде еден ден каде Слободата и Љубовта ќе ја славиме сите.

Цивили и полицајци, попови и оџи, Македонци и Албанци, сиромашни и богати, ќе чекориме гордо, спремни за живеење заедно во Слобода и Љубов.

(содржината е преземена од libertas.mk)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *