Контакт

#Протестирам можете да ги контактирате на protestiram.info@gmail.com.

#Protestiram can be contacted at protestiram.info@gmail.com.

2 responses to “Контакт

  1. Не знам дали е планот да објавуваме што пишуваат по странските медиуми, ама еве еден норвешки со наслов.
    Macedonian violence might be provocation by government.
    http://www.vg.no/nyheter/utenriks/makedonia/ekspert-om-makedonia-volden-kan-vaere-provokasjon-fra-myndighetene/a/23450011/

  2. Yasminka Markovska

    Драги пријатели од Македонија, браќа и сестри, другари и другарки.

    Го пишувам овој текст удобно сместена во работниот стол, во градот Осло, далеку од вас. Последниве осум дена живеам во еден благ немир, следејќи ги од далечина ситуациите кои сите вас ве погаѓаат директно и силно. Посакувам да бев присутна на протестите, и го пишувам овој текст како мој придонес кон колективното освестување.

    Јас гледам од далечина, од високо. Високо почитуваниот европски северозапад балсамиран во сопствената стерилност ми нуди чуден и нејасен видик. Само едно нешто е јасно, а тоа: вашето отсуство. Вие, мои пријатели, отсуствувате од приказните сервирани од тукашните медиуми. Вие отсуствувате од приказните што моќниот Запад им ги пика в уста на сопствените граѓани, вие отсуствате од политичките визии, од рамковните договори, економските договори… Вие отсуствувате, и јас протестирам против вашето отсуство.

    Македонскиот народ, заедницата од сите луѓе поединци што живеат на малата територија наречена БЈРМ – вие ја нишкате лулката на мирот. Македонија не е колевка на цивилизации. Вие сте. Вие, почитувани пријатели, браќа и сестри, другари и другарки, сте оние кои го дезинтегрираат јаболкото на раздорот. Вие сте оние кои раѓаат, преживуваат, се борат, гинат, сплотуваат, градат, трпат, кои покажуваат нечовечко трпение, длабока мудрост, желба за мир, мировни тактики за промена, нагон кон демократија. Тоа не се политичарите. Тоа не се амбасадорите. Тоа не се полицајците, не се војниците. Тоа сте вие. Сите заедно. Од сите националности. Вие, убави и кревки луѓе.

    Западните медиуми не пишуваат за вас. Тие пишуваат за политичарите и терористите, за злото кое тлее на нашата почва. Не пишуваат за сите оние кои ги прифатија и работеа за бегалците што ја преплавија земјата околу завршувањето на Југословенските војни. Не пишуваат за трпението на македонскиот народ, кој мирно поднесе толку неправди и агресии во годините од осамостојувањето. Нападнат од страна на истите бегалци кои беа здомени. Нападнат од сопствените политичари. Нападнат од Западот. Од Истокот. Од Југот. Од Северот. Верувајте ми, доколку беше некој друг народ, досега ќе станеше чудовишен, лут, избезумен, жеден за одмазда. Но вие, мој народе, вие сте неверојатни. Со право носете го името на Мајка Тереза. Да беше жива, ќе се гордееше со вас. Јас се гордеам. Ви оддавам чест, колективен медал за најтешката храброст: Вие сте мир.

    Продолжете да бидете мир. И продолжете да станувате видливи, се додека, еден ден, кога некој ќе ја погледна Македонија, вие ќе ја доминирате сликата: со отворени очи, исправени и оправени. Потсетете го Западот дека е слеп, или барем дека и нему некој му ги мачка очите. Ние имаме да споделиме една добра лекција за сите: таму каде што живеат слепи, водат оние со едно око.

    Јасминка Марковска, Осло
    13.05.2015

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *