Tag Archives: ненасилство

Граѓанските анти-владини протести продолжуваат, дилеми за инцидентите во Куманово

Во сабота, 9 мај, на петтиот ден од почетокот на протестите против полициска бруталност и повикот за пад на владата на Груевски, во Куманово се случува инцидент од утринските часови. Сè побројни се написи и ставови дека се работи за исцениран судир, што провладините медиуми го претставуваат како напад на паравоена формација врз полициските служби. Дилемите зад инцидентот, коментира во својот фејсбук статус учесник на протестите, само потврдуваат дека граѓаните имаат изгубено доверба во владата и дека таа мора да си оди.

Жител на Куманово, член на Студентскиот пленум известува од Куманово преку својот фејсбук профил. Полицијата приведува лица што се движат по  улица. Блокиран е и автопатот Е-75 кој води од Скопје крај Куманово кон Белград и Софија. На медиуми што не се провладини им се одземаат снимки.

Граѓанската опозиција во одговор на вакви брутални сценарија и со почит кон засега непотврдениот број загинати продолжува со најави за мировен протест и денес во 18 часот, овојпат, на 70 годишнината од победата над фашизмот. На протестите ќе се даде поддршка за неодамна приведените активисти и изрази почит на жртвите во денешниот инцидент во Куманово.

Жив штит од демонстрантите во одбрана на полицајците (06.05.2015)

Присуството на провокатори на протестите е очигледно. Се појавуваат во помали групи од страна, носат качулки и маски и нивната единствена цел е провоцирање на полицијата. Но, нашите протести се НЕНАСИЛНИ.

Додека првиот ден провокаторите успеаја во целта и испровоцираа насилен судир со полицијата, веќе вториот ден тие беа попречени во намерата.

Кога се појавија пред собранието и почнаа да фрлаат со предмети кон специјалците, тие беа конфронтирани. Набргу, поголема група мирни демонстранти, претежно млади девојки, формираа жив штит околу полицијата.

Извор за видеото: Телма